Вести

Форест Гамп навистина постои

width=598

Сите го знаете Форест Гамп но колкумина од вас го знаат Роб Поуп? Роб Поуп е 39 годишен Британец на кого легендарниот филм му го променил животот. Тој до таа мера бил инспириран од филмот и од главниот лик што решил да го повтори она што Форест го прави во филмот, петпати да го претрча Американскиот континент (15 000 милји).

За доживувањето да биде потполно уникатно, Роб влегол во берберница во Алабама а потоа почнал да трча низ Америка, трчањето траело околу 430 денови. Тој изгледа како Форест а исто така се облекува и однесува.

width=635

Кога бил запрашан зошто го прави сето тоа, тој одговорил:
„Пред да почине мојата мајка ми рече да направам нешто што ќе го запамети целиот свет. Си реков, зошто не ова!”

Ова “патување” на кое тргнал Роб подразбирало околу шеесетина километри дневно. За разлика од оригиналниот филмски карактер кој трчаше без никаква цел, Роб во текот на својот подвиг успеал да собере речиси 50 000 долари (се надева дека еден ден ќе дојде до цифрата од еден милион) кои ги подарил на добротворни организции.

Претрчувањето на континетот на неколкупати било прекинувано заради тоа што Роб морал да ја обновува визата. Се разбира додека престојувал во родната Британија тој трчал маратони. Ако мислите дека се работи за просечен или спор тркач грешите. Роб на маратонот во Манчестер на 8 Април истрчал за време од 2:55:12. Една недела подоцна на маратонот во Брајтон истрча за 2:52:09 и за финале следната недела на Лондонскиот маратон оваа “будалетинка” истрча време 2:36:28 доволно за 82 место.

Роб по професија е ветеринар и се надева дека еден ден ќе и се врати на својата матична професија.

Инспиративно, зарем не?

width=635width=635

← Назад кон архивата