Вести

Бојан Петров исчезна на Шишапангма

width=635

Информациите од терен велат дека Бојан за последен пат бил забележан (со двоглед од Базниот камп) некаде на висина од 7500 метри, откаде му се губи трагата. На 3 мај тој тргнал во соло обид за искачување на врвот Шишапангма висок 8,027 м.н.в. по што настапило брзо влошување на временските услови.

Досега се уште нема контакт со бугарскиот искачувач, а дел од искачувачите кои успеале на 5 мај да стигнат до 3 висински логор, го нашле празниот шатор на Бојан. 

На Фејсбук се огласи и неговата сопруга која ја пренесе информацијата за Бојан каде дополнително се вели дека најраното можно време за спасителна акција е утре 08.05.2018. Работите се уште покомплицирани земајќи го фактот дека Бојан е дијабетичар. 

Бојан Петров е бугарски високогорски искачувач и балканец кој има најмногу искачени врвови повисоки од 8000 метри – 10 од 14. Шишапангма е најнискиот врв повисок од 8000 метри и единствен кој е целосно сместен во територија на Кина (Тибет).

Македонската јавност имаше можност да се запознае со Бојан и со неговиот најголем животен проект „Бугарин кон 14х8000” за време на активностите по повод светскиот ден на планината на 11 декември 2017 во организација на ФПСМ. 

← Назад кон архивата