Вести

Нов брзински рекорд на Кирковски на Елбрус (вон официјалната трка)

width=635

„Соло и без никаква логистика, 5ч 18м 09с (претходниот беше 5ч 35м). Појдов во 06 часот сабајле од Азау 2350м, само околу 36 часа после враќањето од аклиматизациското искачување. Рутата до врвот е долга околу 12,5 км со близу 3300D+.

Трката е закажана за 07.05.2018, ама на ваков чекор се решив поради опасноста да се скрати трката доколку времето се влоши. Според мене ваквото соло искачување без никаква логистика е многу позахтевен потфат.” – изјави Кирковски. 

title=На

Покрај Александар на трката ќе настапуваат и Дејан Тодевски и Димитар Тодоровски, а како логистичка поддршка отиден е и нашиот искусен планинар Петар Ивановски. Квалификациите на трката „Вертикален километар” се закажани за 05.05.2018, а на 07.05 со старт во 06:30 ќе започне главната трка во Спортска Класа SkyMarathon која се одвива од 2350-5642 m. 

На 01.05.2018 Александар и Петар успеаја да направат аклиматизационо искачување на врвот, а Дејан и Димитар на аклиматизација стигнаа до 5300 метри. 

„Акцијата е дел од програмата на ФПСМ. Потфатот искрено им го посветувам на големите другари и пријатели на планината кои трагично не напуштија оваа зима.
АЛЕКСАНДАР и КАЛИНА!” – изјави Кирковски 

← Назад кон архивата