Вести

Победа за Мартин Јовановски на Промахи Опен (Видео)

width=635

Ова беше тридневен натпревар со 2 трки. Трките беа по 50-тина километри долги а арената за натпревар беше долината Воден, помеѓу Лутраки и Фустани каде што имаше одлични услови за спортско летање. Одличната организација од страна на клубот Fly Pella и гостоприемството на локалното население допринесоа овој настан да биде целосно успешен.

На овој натпревар покрај натпреварувачи од Грција учество земаа 65 пилоти од Русија, Бугарија, Германија и Полска, а Македонскиот тим по долга пауза се појави во полн состав на еден интернационален натпревар и покажа дека ги има сите потенцијали за добри резултати на светско ниво во годините што следат.

Резултати

width=635

Резултати спортска класа

width=635

width=635

Дарко и Борјан пристигнуваат во цел.

width=635

← Назад кон архивата