ФК Форца – Штип ги отвора вратите за младите фудбалери


Генерациите од 2008 до 2014 година имаат можност да бидат дел од нашата фудбалска школа.
Стратешки приоритет на Тренинг Академија на ФК Форца – Штип е фудбалскиот и телесен развој на идните врвни фудбалери и репрезентативци.Водиме сметка за исхраната, за редот и дисциплината, работиме на тактичко-технички план, тренинзи за координација и слично. Ова е голема придобивка за нив, бидејќи познато е колку спортот е корисен за здравјето.
Затоа ги повикуваме младите кои имаат желба да бидат дел од Форца, да се запишат во Тренинг Академијата.

Со младите фубалери работат искусни и истакнати тренери со УЕФА Лиценца, магистер професор по Физичко Здравствено Воспитување по специјална програма по УЕФА стандарди.
СЕКОЈ ЧЛЕН ДОБИВА БЕСПЛАТЕН ДРЕС И ШОРЦЕВИ СО ЛОГОТО НА Ф.К.ФОРЦА – ШТИП.
Тренинг Академија на ФК Форца – Штип е формирана во февруари 2018 година – член е на ФФМ со околу 40 дечиња од 2009-2012 година.

