Совети за правилно одржување на вашите патики


Патиките често се валкаат. Во тоа нема ништо чудно и невообичаено, напротив, нивната намена е токму таква. Дизјанирани се за спортување на отворено а тоа само по себе значи и дека речиси постојано ќе бидат обложени со прашина, кал, вода и така натаму. Периодичното и правилно чистење на патиките ќе ве заштити вас и вашето стапало и секако ќе го продолжи животниот век на патиките. Еве неколку совети:
- Избегнувајте да ги перете патиките во машината за перење алишта. Честото перење на ваков начин ќе го забрза процесот на распаѓање на материјалите и губење на формата. Доколку ги перете во машина, гледајте таа да има посебен „спор” режим наменет за деликатни алишта и опрема.
- Ако имате наталожено кал или прашина, ставете ги патиките под млаз чиста вода и употребете стара четка за заби или некој сличен предмет за да ја исчистите најголемиот дел на нечистотијата од надворешноста.
- Секогаш кога ќе се решите да ги перете патиките, не заборавајте да ги извадите влошките и врвките и посебно да ги исперете.
- Употребувајте детергент за перење алишта, млака вода и мека четка за да ги исчистите
- Откако ќе завршите со перењето внимавајте комплетно да ги исплакнете сите делови од вишакот детергент кој на долг рок може да ги нагриза материјалите.
- Сите делови сушете ги посебнои на собна темепратура далеку од директен извор на топлина или светлина. Во внатрешноста на патиките можете да ставите кујнска хартија или пак хартија од весник кои ќе го впијат вишокот течност и ќе помогнат да се оддржи формата на патиките.
- Вообичаено патиките се сушат за околу 12 часа. Сепак проверете пред да ги вратите врвките и влошките, сите делови треба да бидат комплетно суви.
Имајте пријатни тренинзи и уживајте во спортот.
