Вести

Ново возило, нови предизвици… Иста животна филозофија

width=635

Точно пред една година пристигнавме од Египет во Европа, тој ден оставивме зад нас 4 години патување со мотор околу целиот свет, и во нашиот ум имавме само еден план… да се вратиме што е можно поскоро.

width=635

За новиот проект избравме да патуваме со комбе 4×4. Многу луѓе можеби мислат дека за авантуристи како нас ова е лесна работа… но ние никогаш претходно не сме возеле возило на четири тркала, па прва задача беше да научиме како да го направиме тоа и Ману да добие возачка дозвола.

width=635

Минатиот октомври Ману отиде во Шпанија и успеа да положи за само една недела, мотивацијата беше дефинитивно многу важна. Неколку дена подоцна, пронајдовме на интернет дека во Барселона се продава класично комби 4×4 во не многу лоша состојба и на бензин (како што баравме), па само неколку дена откако Ману доби возачка дозвола, тој замина за Барселона, го купивме ова 30-годишно комбе и без искуство почнавме да патуваме накај Македонија. Потоа започна процесот за трансформирање на комбето, не да биде само наше возило за патување низ светот туку и наш дом, канцеларија, работилница, студио, па дури и театар. Тешка работа, но 3 компании од Македонија беа возбудени како што бевме и ние за нашиот нов проект и ни понудија помош за таа конверзија на комбето: Сервис Милошески работеше на екстериерот, Технокооп и Студио Контемпо за интериорот и Дог Секјурити ја реализира инсталацијата на електрична енергија. Можеби тие немаа големо искуство со ваков ист проект, но дефинитивно добија резултат што ќе ги импресионира сите низ целиот свет.

width=635

width=635

Во текот на сето ова време го работевме материјалот документиран од претходното патување (видеа, фотографии и дневници), пишувајќи за списанија, градење на нова веб-страница, поставување на платформи каде што ќе го споделиме нашиот нов проект, дизајнирање на пат и цели… И конечно дојде денот. Првата фаза ќе биде од Артик до Антартик. За неколку недели ќе го испратиме нашето комбе во Њујорк.

Дали сакате да патувате со нас?

www.aroundgaia.com
www.instagram.com/aroundgaia
www.facebook.com/aroundgaia

width=635

width=635

width=635

← Назад кон архивата