Флора-фауна

Тајната состојка за успешна трка

width=635

Се наоѓате пред стартот на големата трка, трката за која сте се спремале долго време. Наместо спремни, вие се чувствувате круто, неспремно и поспано. На вашето тело му треба време да влезе во ритам, односно му треба соодветно загревање или уште подобро кажано будење за да ги постигне и одржи посакуваното темпо.

Без соодветно ставање во погон на централниот нервен систем и мускулното ткиво, вашето тело нема да биде во состојба да одговори на стресот кој го очекува. Ако не сте спремни да се справите со огромната потреба од кислород и оптимален проток на крв низ целото тело, ризикувате да влезете во недостаток на кислород а тоа е крај на секоја успешна трка.

Најголем дел од луѓето кои практикуваат трчање загреавањето го изведуваат 30-45 мин пред почетокот на трката со вообичаени вежби и истегнувања. Тоа не е лошо но може да биде недоволно. За разлика од нив, елитните тркачи на денот на трката практикуваат таканаречен размрдувачки џогинг.

width=635

Како треба да се изведе?

Ваквиот џогинг треба да се изведува околу два и пол часа пред почетокот на трката и треба да трае помеѓу 10 и 15 минути. Темпото со кое се одвива треба да биде супер лесно а во текот на истрчувањето може да се вметнат и лесни истегнувања доколку во некој дел од телото чувствувате крутост. По завршувањето треба да следи туширање и оброк пред трката.

Придобвки:
Придобивките од ваквиот размрдувачки џогинг се повеќекратни. На прво место го ставате во функција централниот нервен систем и ги опушта мускулите. Се будите и полека ја подигнувате температурата на телото со што ја зголемувате флексибилноста. Ќе го намалите стресот и психичката напнатост од можен неуспех и ќе го засилите фокусот.

← Назад кон архивата