Вести

Водно-Матка – Приклучи се на предизвикот

width=635

Водно-Матка Треил Маратон ќе го има своето прво издание на прагот на пролетта од оваа година, поточно на на 25.03.2018. Пријавувањето ќе може да се направи до самата трка, но сепак, доколку сакате да добиете брендиран подарок од трката, тогаш ќе мора да го потврдите вашето присуство до крајот од оваа недела на 11.03.2018. – повеќе на следниот линк

title=Подароци

Трката е отворена за сите љубители на планината и движењето, а патеките минуваат низ едни од најинтересните делови и погледи на пределот како и бројните културно-историски локалитети во околината – вкупно 7 цркви и манастири, покрај реката Треска и езерото Матка, селото Горно Нерези итн. Повеќе информации може да пронајдете на веб-сајтот vodnomatka.mk 

← Назад кон архивата