Кога не ти е гајле дали може да пукне лавина

Се работи за професионален параглајдерист по име Максенс Каваладе кој се спрема за ски-летање некаде во Вал д’Исер. На неколку секунди по стартот, под неговите нозе започнува да тече лавина од која дечкото експресно се извлекува со помош на неговиот мал и агилен параглајдер.