Зимски олимписки игри Пјонгчанг 2018


На овие зимски Олимписки игри ќе настапат 2.900 спортисти од 91 држава на кои се додава и екипата на Олимписките спортисти од Русија, а за прв пат на зимските Олимписки игри ќе настапат спортистите од Еквадор, Еритреја, Косово, Малезија, Сингапур и Малезија. На овие игри ќе бидат поделени 102 комплети на медали, што е за 14 повеќе од Сочи.
Претставникот на Тонго Пит Тауфатофуа, кој и го носеше знамето на Того на отворањето на игрите ќе настапи во дисциплината крос-кантри, а куриозитет е дека истиот спортист настапи на Олимписките игри во Рио 2016 година во Таеквондо.
Инаку Кореја е петтата држава во светот, која влегува во друштвото на држави кои биле организатори на Зимски и Летни Олимписки игри како и на светските првенства во атлетика и фудбал (Франција, Германија, Италија и Јапонија).


