Вести

Колку сребро има во олимпиското злато?

width=635

Олимписките медали кои ќе бидат доделени на ЗОИ во ПјонгЧанг ќе тежат помеѓу 586гр (златен медал) и 493гр за бронзениот медал. Дизајнот на одличјата на предната стрена е инспириран од текстурата на кора од дрво. На предната страна на медалот се наоѓаат олимписките кругови поставени на динамични дијагонални линии кои ја симболизираат историјата на олимпизмот и посветеноста на учесниците. На задната страна се наоѓа логото на игрите, натпреварувањето и датумот на неговото одржување.

Медалите се изработени од страна на славниот јужнокорејски дизјанер Лек Сук Во, кој во својот труд преку серија од самогласки по креативен пат успеа да ги спои Хогул (корејската азбука) и основите на корејската култура и традиција, на тој начин симболизирајќи го трудот на спортистите и нивниот пат до игрите.

width=635

Траката пак на која е закачен медалот, изработен е од гапса која е традиционална корејска ткаенина.

Што се однесува до составот од кој се изработени медалите, вреди да се спомене дека златниот медал и не е така златен како што милиме. Еве како изгледа во проценти изработката на секој медал поединечно

  • Златен медал: сребрен медал со 99.9% чистота кој е облеан со 6гр злато. Тежина 586гр.
  • Сребрен медал: сребрен медал со 99.9% чистота. Тежина 580гр.
  • Бронзен медал: бакарен медал со 90% бакар и 10% цинк. Тежина 493гр.

Сите медали имаат дијаметар од 92,5мм и на игрите ќе бидат доделени рекордни 259 медали.

← Назад кон архивата