Најдолгиот пат – една година пешачење низ Кина и една голема брада

Инфо за патувањето
- Никогаш не ја завршив мојата оригинална цел за пешачење до Германија. Наместо тоа, пешачев една година или приближно 4500 километри, ја поминав пустината Гоби и решив да престанам со пешачење, засега.
- Целата дистанца од Пекинг до Урумки беше помината единствено на нога, старото добро пешачење. Има моменти во видеото каде ме гледате како сум фотографиран на аеродром или во бродови, но тоа се само периоди на пауза каде морав да престанам со пешачење, нешто поради проблеми со бирократија, нешто за лични потреби.
- Го планирав ова патување околу една година пред да го почнам, и онаму до каде стигнав ми остави голем впечаток во мојот живот
- Да се обезбедат потребните документи за патувањето не беше лесно, па затоа морав да се вратам во Пекинг неколку пати за да решам некои проблеми
- Ова не е стрикно „1 фотка на ден” видео затоа што сакав да додадам некои други моменти во видеото.
- Срцето на овој проект е мојот блог каде ги објавувам моите патувачки дневници, стартувајќи од првиот ден 9 ноември 2007.
Видеото е направено во 2008 година