Вести

Водно-Матка Планински Маратон – една планина – еден кањон – многу авантура

title=Фото

Оваа пролет, на крајот од март, планината Водно и нејзиното фантастично природно огледало – кањонот Матка ќе бидат домаќини на настанот во планинско (треил) трчање – Водно Матка Треил Маратон.

Настанот е закажан за рана пролет – 25.03.2018 година кога ќе се одржи и првото издание на трките во организација на здружението ТРЕКС и ПСД Макпетрол. Во минатото, пред околу 10тина години, патеката – Полиција – Врв – Матка (Св. Андреја) во должина од 18км беше дел од тогашното државно првенство во планинско трчање, настан кој се одржа неколку години за ред. 

Идејата за возобновување на трката и нејзино надополнување во уште поголем предизвик, тимот на ТРЕКС веќе подолго време ја разгледуваше, за оваа 2018 година да се реши да ја потегне организацијата.

title=Фото

Планирани се две трки од 23 и 40 километри – маратон и полу маратон, кои имаат соодветна висинска разлика од 1400 и 2800 метри. Стартот е предвиден од месноста „Полиција” во населбата Водно, а финишот на врвот Крстовар – пл. дом Даре Џамбаз.

Временскиот лимит за минување на полу маратонот ќе биде 7 часа, а за маратонот 10 со тоа што на 26-тиот километар ќе биде предвиден дополнителен временски лимит. 

Трката е отворена за сите љубители на планината и движењето, а патеките минуваат низ едни од најинтересните делови и погледи на пределот како и бројните културно-историски локалитети во околината – вкупно 7 цркви и манастири, покрај реката Треска и езерото Матка, селото Горно Нерези итн. 

Повеќе информации може да пронајдете на веб-сајтот vodnomatka.mk, а пријавувањето е веќе отворено!

title=Фото

← Назад кон архивата