Вести

Одземен брзинскиот рекорд на Пемба Шерпа на Еверест

title=Пемба

Брзинските рекорди во искачување на големите врвови и други слични хронометарски активности во слабо контролирани услови (природа), неретко биле проследувани со извесни нерегуларности и доза на скептицизам. Последната променета одлука на полето на планинарењето и високогоството, му го одзема рекордот на Пемба Дорје Шерпа за искачувањето без кислород по јужното седло на Еверест во 2004 година. 

На кратко околу рекордите на оваа страна од Еверест: 

Стартната точка се смета Базниот камп на јужната страна на Еверест кој се наоѓа на височина од 5350 м.н.в откаде се минува низ четири висински кампови и се пристапува на јужното седло се до врвот – 8848 м.н.в. 

Во 2000 година Бабу Шерпа прави искачување со суплементарен кислород за 16 часа и 56 минути. Во 2003 година, гореспоменатиот Пемба Шерпа поставува ново најдобро време од 12 часа и 45 минути, за само три дена по него да дојде Лакпа Гелу Шерпа кој го руши овој рекорд со време од 10 часа и 56 минути. Пемба Шерпа покренува жалба за нерегуларност во рекордот, но неговата жалба е одбиена. 

Следната година, на 21 мај, Пемба Шерпа повторно прави обид и, наводно, се искачува за 8 часа и 10 минути, околу 3 часа побрзо од рекордот на Лакпа. Рекордот е усвоен и потврден од Министерството за култура и туризам на Непал и рекордот на Пемба стоеше скоро 14 години.

Сепак, Лакпа Шерпа никогаш не веруваше дека Пемба го има искачено врвот, па затоа тој и неговата фамилија покренаа судски спор. Како нерегуларности беа наведени повеќе фактори – искачувањето на Пемба во 2 часот наутро при исклучително лоши временски услови, недостатокот од фотографија од врвоткако и отсуството на официјални лица во базниот камп кои можат да сведочат за времето на неговото поаѓање. 

title=Лакпа

На почетокот од овој декември 2017 година, Врховниот суд во Непал повторно ја разгледа контроверзната случка со рекордот на Еверест и врз база на неоснованост и недостаток на докази пресуди да му го одземе рекордот на Пемба Шерпа. 

Врховниот суд истотака се изјасни дека Министерството за Култура и Туризам на Непал издало одобрение за искачен врв без соодветните докази – очевидец, фотографија или валиден ГПС запис. 

Рекордот за најбрзо искачување на Еверест од јужната страна, со суплементарен кислород сега припаѓа на Лакпа Гелу Шерпа – 10 часа и 56 минути. Tој истотака го има искачено Еверест 15 пати. 

← Назад кон архивата