Исхрана

Сирењето е пријател на нашето срце

width=635

Долги години сирењето се сметаше за голем непријател на човековото здравје поради големата количина на масти, холестерол, соли и калории. Сепак, најновите истражувања на ова поле од нутриционизмот го покажуваат сосема спротивното. 

Во една нова опфатна студија, предводена од кинески тим на научници при универзитетот во Сичоу, во која биле опфатени 15 различни набљудувачки истражувања било докажано дека секојдневната употреба на сирење во количина од околу 50 грама, може да помогне во намалување на шансите од срцеви заболувања и срцев удар. 

Резултатите од студијата, која опфаќала 200.000 учесници кои биле набљудувани во период од 10години, покажале дека оние кои внесувале сирење на секојдневна основа во количини до 50гр имале 18% намалени шанси за кардиоваскуларни заболувања и 14% помали шанси за коронарни заболувања. За работите да бидат појасни, парче сирење со тежина од 50 грами е големо отприлика колку едно пакетче кибрит. 

width=635

Идејата за отпочнување на вакво истражување потекнала од огромната популарност на сирењето ширум светот. Во светски рамки тоа е една од најпродаваните намирници. На светско ниво предводник според потрошувачката на сирење на годишно ниво по глава на жител се САД со скоро 17кг. Најчест избор се моцарелата и чедарот.

Сирењето е богато со калциум, цинк, витамините А, Б12 и протеини.

← Назад кон архивата