Како Стрит Вју го снимаше качувањето на Ел Капитан

Благодарение на помошта од три врвни качувачи и своевидни легенди во спортот – Томи Калдвел, Лин Хил и Алекс Хонолд тимот на Гугл Стрит Вју успеа комплетно да го сними и мапира (во 360°) искачувањето на најпопуларната и класична рута на Ел Капитан – Носот, како и некои цугови од The Dawn Wall.
Во текот на оваа работа тимовите мораа да се справат со различни проблеми и предизвици при носењето и поставувањето на целата опрема како и снимањето на сегментите.
„Само затоа што патиштата завршуваат, и не сме во можност да возиме автомобил не значи дека таму нема работи кои сакаме да ги видиме” – вели Деана Јик, проект менаџерот на Струт Вју.
Започнете да го качувате Ел Кап подолу
Други активности во Стрит Вју