Вести

Бојан Петров гостува во Скопје

width=635

Бојан Петров е биолог по професија, а воедно и високогорец кој е најсериозен претендент да стане Бугарин и воопшто човек од Балканот кој ја има искачено т.н. Хималајска Круна – сите 14 врвови повисоки од 8000 метри кои се наоѓаат на Хималаите и Каракорум. 

До пролетта 2016 година тој имаше искачено пет врвови од оваа група –  Гашербрум I, Канченѕонга, Броуд пик, К2 и Манаслу, потоа во 2016 ги искачи Макалу, Анапурна и Нанга Парбат, а оваа година Гашербрум II и Дхаулагири со што стигна до бројката од 10 искачени врвови од 14-те 8000метарски врвови. 

width=635

Досега од 1986 година кога Реинолд Меснер успеа да биде првиот кој ги искачи сите овие врвови па до ден денес, овој подвиг го имаат комплетирано 39 високогорци, факт кој говори за тежината, комплексноста како и останатите елементи кои се неопходни за негово успешно финализирање. 

Петров е автор на книгата „Првите седум”каде се опфатени неговите физички подготовки и тренинзи, изборот на опремата, животот во базните кампови, аклиматизацијата, качувањето со и без килород и многу други детали од овие специфични активности во природа.

width=635

Гостувањето на Бојан Петров ќе биде дел од програмата посветена на Светскиот ден на планината која ќе се одржи во киното Фросина на 11.12.2017 година со почеток во 19 часот. Настанот е во организација на Федерација на Планински Спортови во Македонија. 

Повеќе за искачувањата на Бојан Петров читајте тука

title=Сите 

← Назад кон архивата