Вести

Планинско трчање околу езерото Гратче

width=635

Трката „Градче Треил Ран” ќе се одржи на почетокот на овој декември – 03.12.2017 со старт од Еуро хотелот Градче – кај браната која се наоѓа на некои 4-5 километри од градот Кочани. Должината на патеката ќе биде 11 километри со 500 метри висинско искачување и истата минува низ некои од најживописните предели на овој дел од Осоговските планини – околу езерото Градче, селата Горно и Долно Градче, водопадот во непосредна близина и локалитетот Мактеон. 

width=530

На средина од патеката ќе биде поставена освежителна станица и контролен пункт за мерење на времето. Стазата е погодна за сите почетници и рекреативци кои би сакале да го искусат планинското трчање, но и за поискусните кои можат да се натпреваруваат со побрзо темпо. 

Пријавите се веќе отворени, а котизацијата ќе изнесува 100 денари. 

Организацијата е од страна на локалните ентузијасти за спортско-рекреативни активности од Кочани – „МТБ Исток” заедно со логистика од здружението TREX кое активно работи на промоција, организација и поддршка на трки во планинско трчање. 

← Назад кон архивата