Вести

Четврто издание на Струмина Треил

width=635

Оваа година присуството на натпреварувачи беше најмасовно со 106 луѓе кои стартуваа и ја финишираа 18,5-километри долгата патека минувајќи низ повеќе штипски чешми важни за околината – Струмина чешма, Љупчова чешма и Куртбунар. 

width=635

Победници во машка конкуренција се: Александар Стојкоски на прво место со време од 1:25:03, втор Александар Кирковски 1:27:55, трет Филип Симоновски 1:34:30. Важно е да се напомене дека времињата на првите двајца натпреварувачи во машка конкуренција се подобри од минатогодишниот рекорд, со што сегашниот рекорд на оваа патека е времето кое го постави Александар Стојкоски. 

Во женска конкуренција, пак, прва беше Благица Јованова 1:51:33, втора Мери Мирческа 1:57:32, а трета Сања Најдовски 1:59:21. Резултатот на Благица е новиот рекорд на патеката во женска конкуренција. 

width=635

Трката помина во одлични услови каде без поголеми поблеми финишираа сите учесници. 

Целосната листа на резултати можете да ја видите тука. 

← Назад кон архивата