Флора-фауна

Што е бодеж и како да го избегнеш?

width=635

Бодежот е онаа болка која се појавува на левата или десната страна на предниот дел од градниот кош и која сигурно сте ја почуствувале ако некогаш сте се бавеле со било каква физичка активност. Иако е често присутна и позната, сепак за науката сеуште не е докрај јасно што точно ја предизвикува оваа болка и како таа престанува.

За најголемиот дел од стручната јавност, бодежот е најтесно поврзан со дијафрагмата, односно истиот е сфатен како еден вид грч кој настанува како резултат на нессодветна подготовка или преголем напор на почетокот од активноста. Дијафрагмата е мускул во форма на листови кој се наоѓа веднаш под градниот кош и кој има значајна улога при дишењето. Оттаму пребрзиот старт или пак трчањето по угорнина во комбинација со неправилното дишење се одлична основа за грч во дијафрагмата.

Добрата вест е што постои начин ваквата болка да се спречи или да се превенира, еве некои од начините и техниките кои може да помогнат:

width=635

Вежби за јадрени мускули
Освен што редовното изведување на овие вежби ќе придонесе да имате подобра економичност и правилен став, нивното практикување 2-3 пати неделно во времетрање од десетина минути во голема мера ќе ги зацврсти мускулите на дијафрагмата и ќе ги направи поотпорни на замор и грчеви.

Внимавајте на предтренажната исхрана
Она што го јадете пред тренингот во голема мера може да придонесе за грчеви во дијафрагмата. Доколку на половина час или час пред трчањето внесете храна која е богата со масти или влакна, веројатноста да ја доживеете болката од бодежот е значително поголема. Ваквата храна подолго се вари а со самото тоа и се намалува протокот на крв во дијафрагмата што е уште една причина за грчеви. Истиот или сличен ефект може да го имаат течности со висока вредност на шекери доколку се дегустираат непосредно пред тренингот или натпреварот.

width=500

Загрејте се и дишете
Без разлика на тоа колку сте мотивирани, никогаш немојте да го прескокнувате загревањето. Пребрзиот старт подразбира и погрешно испрекината дишење кое со сигурност ќе ви предизвика проблеми. Наместо тоа одвојте барем 5 мин за динамично загревање и забрзано одење по што постепено ќе влагате во поскауваното темпо.

 

← Назад кон архивата