Отворени се пријавите за Струмина Треил 2017


Струмина Треил претставува трка во планинско трчање со должина од 18 километри и висинско искачување од 750 метри. Трката стартува и финишира во градот Штип, а минува низ повеќе ридови и долини во околината, посетува едно село – Липов дол и минува низ повеќе чешми (Струмина, Љупчова и чешмата Куртбунар) кои биле и се уште се од големо значење за градот и локалното население.
Оваа година Струмина ќе го има своето четврто издание, а регистрациите се веќе отвореникаде има околу 80 пријавени тркачи. Стартот е на 19.11.2017 во 10 часот од медицинското училиште „Јане Сандански”.

Трката е навистина погодна за сите оние кои би сакале да се запознаат и да започнат со планинското трчање, но и доста предизвикувачка за оние кои сакаат да се натпреваруваат. Минува низ доста питом ридест терен и интересни долови и патеки.
Тимот на TREX и ПСД Макпетрол активно работи на промовирање на планинското трчање и планинарење, a трката Струмина Треил во Штип е дел од програмата на организацискиот тим на овие клубови.
Повеќе за трката прочитајте тука.