Флора-фауна

Пробај ја „Синди”

width=500

Иако првата асоцијација за крос фит се подигнување на тешки тегови, постојат кросфитерски тренинзи кои се комбинација од неколку вежби со сопствена тежина, една од нив е вежбата „Синди”.

Синди претставува комбинација од згибови, склекови и чучњеви. Сите три се изведуваат со сопствена тежина и една по друга во времетрање од 20мин. Поентата е да направите што е можно повеќе серии, а една серија е составена од 5 згибови, 10 склека и 15 чучњеви. Звучи напорно?- Така и е!

width=635

При едно истражување во кое биле вклучени искусни крос фит вежбачи, било забележано дека изведувајќи ја оваа рутина, нивниот просечен пулс изнесувал 170 отчукување во минута што претставувало просечни 88% од нивниот максимален срцев ритам и е знак за интензивен кардио тренинг.

Рутината е замислена на тој начин што со секоја од вежбите работите различна мускулна група во вашето тело, па така преминот од една на друга подразбира дека мускулната група која била примарно активирана во претходната вежба, во наредната е во фаза на одмор.

Доколу ве интересира кои мускулни групи ги активирате со оваа рутина, одговорт е сите!

Згибовите ќе ги активираат сите мускули на вашиот грб, склековите рацетеи градите а чучњевите мускулите на нозете. Стомачните и јадрените мускули ќе бидат активни за целото тоа време. Додајте го на сето тоа постојаниот висок интензитет во период од 20 мин и ќе добиете околу 350 потрошени калории во овој краток временски период.

width=635

Запаметете една серија подразбира комплетирање на точен број повторувања од секоја вежба. Ако да речеме не можете да направите 5 згибови тогаш воопшто немојте да се обидувате да ја изведувате рутината. Наместо тоа пробајте да поработите на општата сила во тој дел од телото користејќи алтернативни вежби за грб или помошни гуми.

Светскиот рекорд во изведување на оваа вежба го држи Крис Спелер кој на Крос Фит игрите во 2009 година успеал да направи неверојатни 38 серии.

width=635

 

← Назад кон архивата