Викенд одбележан во духот на здравјето, фитнесот и велнесот!


Трета година по ред, на HFW Expo се собраа најдобрите брендови и компании во земјата, да ги промовираат своите производи и услуги од областа на здравјето, фитнесот, велнесот, кои здружени заедно нудат подобар и поквалитетен живот.
И ова издание покажа дека интересот за водење на здрав животен стил, создавање на здрави навики, а искоренување на лошите, се’ повеќе и повеќе расте, па така оваа година бројката на посетите ги надмина и нашите очекувања.
Богата програма на четири анимирани сцени, понуди одлична содржина за разноврсната публика, така што, од најмладите до повозрасните имаа избор на најразлични активности – од најсовремени динамични и интеренсни тренинзи и програми за вежбање, презентации и предавања од областа на здравјето, здравствените проблеми и начини за нивна превенција, совети од врвни медицински лица и нутриционисти, масажи, третмани, до креативни, едукативни и спортски активности за правилен раст и развој на деца, натпревари и квизови со многу вредни награди.

Sport Inn со Spinning ® програмата ни покажаа дека за 50 ml цеден сок се потребни само 2 минути, девојките од PowerHouse Pilates одржаа Powerpilates час во чест на Ирина Митевска, а во неделата, настанот го затворивме со енергичната зумба забава со Zumba by Kate!

Огромно БРАВО за сите оние кои дојдоа со велосипед, за оние кои се пресрамија и се приклучија во тренинзите и активностите и за оние кои ги понесо своите најмили и ја поддржаа нашата иницијатива дека здравите навиките се стекнуваат од најмали нозе и пред се’, во кругот на семејството.
На оние што го пропуштија овој прекрасен настан, не можеме со зборови да им опишеме колку убава и позитивна беше атмосферата, но можат да ги погледнат фотографиите, кои се одлични и пренесуваат огромен дел од неа.

Веруваме дека третото издрание ве остави со многу убави спомени, нови корисни информации, бројни контакти и пријателства!
Потрудете се барем дел од новостекнатите здрави навики да потраат до наредниот септември и со добро здравје да го дочекаме четвртото издание на Health, Fitness & Wellness Expo!