Што јадат здравите луѓе наутро?

Брзите рецепти наведени подолу се пример за комплетни и квалитетни оброци што се многу едноставни, и кои ги подготвуваат здравите фит луѓе за појадок:
Авокадо со печени јајца

Овој вкусен појадок, богат со протеини и растителни масти, сигурно ќе го задоволи вашето срце! Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови, потоа исечете го авокадото на половина, исчистете ја семката и ставете јајце во секоја половина на авокадото. Додадете малку домати, сол и декорирајте го со магдонос или некоја друга миродија.
Се пече во рерна 20-22 минути.
Овошје, зеленчук и тост

Подгответе добра храна за убаво утро, тост со путер од бадеми, авокадо и семки од сончоглед и сусам. Се препорачува на овој оброк да му додадете и сок од свежо овошје.