Илјадници детски насмевки ќе го красат Гази Баба Куп 2017


Во „Гази Баба Куп 2017″ ќе настапуваат 96 екипи од Македонија, Словенија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Хрватска и Унгарија. За купот веќе се пријавени Вардар, Работнички, Пелистер, Академија Пандев, Црвена Ѕвезда, Ујпеш, Хајдук, Марибор, Лудогорец, Черноморец и многу други. Децата ќе играат на 2 фудбалски терени во Комплекс „Петар Милошевски” во Аеродром, фудбалскиот терен на стадионот „Борис Трајковски” во Маџари и на фудбалскиот терен на ФК „Вардар” во Хиподром.
Целта на организаторите и на сите кои го подржуваат „Гази Баба Куп 2017″ е преку организирање на настани од ваков вид, во иднина да се придонесе до уште поквалитетен развој на спортот.
„Гази Баба Куп 2017″ е во организација на Здружението „Спорт Јуниор”, под покровителство на Општина Гази Баба, во коорганизација со Општински фудбалски сојуз Гази Баба, и е поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за Млади и Спорт и Амбасадата на Република Словенија во Република Македонија.