Природна Паста за Заби #направисам


Пастите за заби кои се продаваат во нашите маркети се преполни со токсични состојки и се спакувани во пакувања кои не се рециклираат. Доколку во составот наидете на едно од следниве состојки бидете сигурни дека тие се токсични: Fluoride, Triclosan, Saccharin, Carrageenan, Aspartame, Parabens (Methylparaben, Ethylparaben, Isobutylparaben, Propylparaben, Butylparaben, Isopropylparaben, Benzylparaben.), Sodium Lauryl Sulfate, Sodium Laureth Sulfate, Propylene Glycol.
Природната паста не содржи ниедна од овие состојки, одлично ги мие забите, вкусот и текстурата се многу блиски до конвенционалните пасти и не создава отпад.
Потребни состојки:
250 гр. зелена глина за орална употреба – можете да ја најдете во БиоКулт, Виталија (има најлонско пакување во картонското) и продавници за здрава храна.
2 лажици кокосово масло – можете да го најдете во сите поголеми маркети и ДМ дрогерии во стаклено пакување
2 лажици бадемово масло – можете да го најдете во сите аптеки во стаклено пакување.
10 капки есенцијално масло по ваш избор (ментол, еукалиптус, лимон, комбинација од повеќе различни) – можете да ги најдете во продавниците на LaCha/ LaSoy.
Вода по потреба.
Природната глина содржи минерали кои кога се во допир со метал се деактивираат, затоа при подготовката не користете метален прибор и доколку носите прстени извадете ги.
Подготовка:
Во керамички или стаклен сад ставете ја глината, во неа додадете ги маслата (кокосовото масло треба да биде растопено), потоа додадете го есенциалното масло и промешајте. Додавајте вода додека мешате се додека не ја добиете посакуваната густина. Количината која ќе ја добиете заменува повеќе од 2 пакувања конвенционална паста за заби и при користење ќе забележите дека е потребно помала количина за да се измијат забите.
Продолжете да танцувате во ритамот на природата!

Оргиналниот блог објавен на „Во Ритамот на Природата”