Роберт Христовски дел од интернационалниот конгрес “Комплексни системи во Спортот”


“Темата на мојата презентација се однесува пред се’ на проблематиката на тренингот за донесување одлуки. Колективните спортови претставуваат истовремено кооперативна, но и натпреварувачка околина за спортистот во која тој треба да биде предвидлив за соиграчите, но непредвидлив за противниците. Со комбинирање на одредени услови (специфични за секој спорт и цел) се создаваат тнр. зони на изобилство во кои постои поголем број на можни акции што ја постигнуваат целта. Тренингот во ваквите зони покрај другото овозможува зголемување на резолуцијата на перцептивно-моторното однесување на спортистот и поголема рафинираност во донесувањето одлуки како и нивното брзо ситуационо менување” – Изјави Проф Роберт Христовски
