31от Охридски пливачки маратон започнува на 19ти август


Патеката на охридскиот маратон започнува од манастирот „Свети Наум” и завршува на градското пристаниште во Охрид. Поради долгата традиција овој маратон од 1998 година стана дел и од Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) која заедно со пливачката федерација на Република Македонија со години го организира овој прекрасен спортски настан. Овогодинешната патека е со долга традиција воспоставена во 1992 година и е наречена „Климе Савин”. Неприкосновен шампион на оваа патека со години беше легендарниот Петар Стојчев од Бугарија со 11 победи. Минатата година златото го освои македонскиот пливач Томи Стефановски.
Женските трки во овој маратон се одржуваат уште од самите зачетоци кога Атина Бојаџи беше првата жена која победи на трката во 1962 година. Мината година златото го зеде Олга Кузудуб од Русија.
Главен покровител на охридскиот пливачки маратон е претседателот на Република Македонија. Маратонот е организиран од страна на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и пливачката федерација на Република Македонија, а од оваа година како ко-организатор се јавува и Општина Охрид.