Првиот вело-хотел во светот отвори врати…

За да одговорат на велосипедските потреби на туристите, секоја соба во хотелот има велосипед кој слободно може да се користи од посетителите, алатки за одржување и чистење на велосипедите, како и алатки за поправка додека посетителите патуваат низ градот. Нема никаков паркинг простор за автомобили…
“Сеуште ги градиме нашите градови со помислата дека луѓето патуваат многу со автомобил, па така, кога се градат нови згради за живеење, се одвојуваат големи површини од просторот и финансии за паркинг на автомобилите. Наместо ова, го имаме првиот хотел и апартмански комплекс за живеење посветен на луѓето кои пешачат, користат јавен транспорт или велосипед за патување низ градот, заштедувајќи на финансии и простор при градењето кои можеме да ги употребиме за други потреби на објектот. ” – Ohboy Hotel