Две први места за Македонија на Јахорина Треил


Наши претставници имаше на сите четири дистанци, а најголем успех е постигнат на патеката од 34 км со вкупно висинско искачување од 2104 метар т.н. Миди Треил, каде со време од 5:08:00 Мартина Милева го освои првото место.

На истата патека прво место во машка конкуренција освои и Марјан Бонев со време од 3:53:52, а следниот ден застана и на вториот подиум на трката од 14км, на само 4 минути зад првопласираниот Алија Имамович од БИХ.

Учесници на Миди Треил беа и Димитар Тодоровски и Филип Тодоровски, а на останатите дистанци учество земаа Игор Јовановски на трката од 69 километри со вкупно 2762 метри висинско искачување и Александар Симјаноски, Љубиша Андреич и Горан Поповски на најдолгата дистанца од 104 километри 4100 м+.