Запознајте се со македонскиот отпад од храна

Како огромен проблем во Македонија на кој многу малку се обрнува внимание а согласно со тоа и не се делува за подобрување на ситуацијата го имаме еден од најироничните проблеми – отпадот од храна кој просечно ни изнесува 18.4 тони дневно. Во исто време имаме 20.000 семејства кои секојдневно имаат мака да обезбедат храна и во просек имаат по еден оброк во текот на денот.
Македонските домаќинства го имаат најголемиот удел во фрлањето храна, бидејќи скоро никој не врши примарна селекција на отпадот дома, па така храната која може да се донира завршува како отпад. Слична приказна имаме и кај маркетите, рестораните, производителите и дистирбутерите на храна каде скоро 25% од храната се фрла, храна која може да се донира или преработи.
Овие податоци како и многу повеќе имате на страницата посветена на проблемот – otpadodhrana.mk. Запознајте се, погледнете ги моменталните решенија кои се појавија како индивидуални иницијативи или како иницијативи од рестораните и вклучете се.