Вести

Први македонски финишери на Олимпус Митикал Треил

width=635

Олимпус Митикал Треил е 100 километри долга трка во срцето на планината на боговите – Олимп, која тркачите ги носи на некои од најдивите и високи делови од планината. Висинската разлика во целокупната должина изнесува 6400 метри и заедно со техничкиот терен и преминувањето на 2900 мнв. претставува еден од најсилните предизвици кои може да се пробаат. 

Оваа година околу 170 натпреварувачи од повеќе светски држави беа дел од трката, а топлотниот бран кој го имаше зафатено полуостровот ја издигна тежината на трката на уште повисоко ниво. 

width=635

Од македонскиот клуб за планинско трчање ТРЕКС, за прв пат на оваа трка учество земаа Михаил Стефанов од Штип и Дејан Крле и Игор Јовановски од Скопје. Поради неможност да се справи со проблемите од топлината и влажноста на воздухот, Игор Јовановски се откажа од трката уште на 30тиот километар, но Михаил Стефанов и Дејан Крле успеаја да издржат на екстремните услови и да финишираат

Стефанов заврши на 26тото место со време од 21:07:40, a Дејан Крле на 66тото место со време од 27:09:31. 

На трката учествуваа вкупно 173 учесници, а ја финишираа 84. 

Сите резултати може да се најдат тука. 

title=Дејан

title=Михаил

← Назад кон архивата