Вести

Државно првенство во едрење во Струга

width=635

Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во Струга. Поволниот ветер од просечно 7 чвора овозможи да се заокружи бодовниот циклус за рангирање, при што со најдобар пласман последователно завршија следниве едриличари:

Ласер 4.7
1во место Илија Јовчески
2ро место Дамјан Поп Стефанија
3то место Кристијан Дуноски

width=635

Оптимист

Стефан Негриески
Мерт Лушо
Софија Ставрева

Ревијално учество во атрактивната класа 470ка забележија Иво Илинчев, Илче Грунче, Јана Гаџоска и Јана Наумоска.

width=635

Високото ниво на организација на стручниот професионален тим на ЕК Снегар – Струга и ЕФМ за ваков тип на регатни настани уште еднаш потврди за капацитетите кои Македонија ги има за остварување континуитет во спортското едрење, и претставува дополнителен мотив за вложување во овој спорт. Голема благодарност до сите спонзори и помагатели кои овозможија остварување на овој настан.

width=635

← Назад кон архивата