Вести

Официјално отварање на БолдерБар – Нова болдер сала + кафебар + многу повеќе

width=635

Комплетно новата сала за болдеринг се наоѓа во поранешните простории на Сквош Центарот – веднаш до СРЦ Кале. Истата располага со 190 метри квадратни површина за качување распоредена на различни ѕидови и со различни нагиби. Поставени се најсовремени елементи за тренинг и качување кои се користат на модерните светски натпреварувања како триаголници, пирамиди, обли волумени, мини „шарп” фаќалишта итн. 

Поставени се насоки како и случајно распоредени фаќалишта кои може да се користат за тренирање, а насоките ќе се менуваат еднаш месечно. Во разговор со Владимир Трповски од Вертикал Спорт – сопственикот на Болдербар тој ни пренесе дека активни инструктори за качување во вежбалната ќе бидат Ванчо Наунов, Лидија Мимова, Здравко Петровски како и самиот тој. 

width=635

Покрај одлично опремената вежбална, во горните делови од објектот е вклучен кафебар како и мала продавница за опрема за качување. 

Работното време е 09:00 до 00:00 во работните недели, а сабота и недела од 16:00 до 00:00. Па, повелете… 

Фотогалерија од отварањето можете да погледнете тука

width=635

width=635

width=635

 

← Назад кон архивата