Посетителите на Капитол мол најдоа време за себе и за нега на својата кожа на ДЕРМА ФЕСТ


Неколку експерти од областа на дерматологијата делеа стручни совети на посетителите за тоа како тие најдобро да ја негуваат својата кожа. Секој од заинтересираните беше информиран за својот тип на кожа и за производите кои можат најдобро да им помогнат за да имаат совршена кожа и да се чувствуваат здраво. За време на ДЕРМА ФЕСТ, покрај советите и производите за кожа, беа организирани и дополнителни активности каде посетителите беа информирани и за храната која го одржува физичкото и психичкото здравје.
Посетителите на ДЕРМА ФЕСТ добија ваучери и купони кои дополнително ќе им овозможат да се запознаат со состојбата на сопствената кожа и како истата да ја третираат. Целта на настанот е да ги поттикне сите да одделат време за себе во овие динамични денови исполнети со обврски и одговорности. Секоја минута посветена на здравјето и на себеси е минута повеќе која ќе се сподели со најблиските и саканите во иднина.

Ова е еден од најретките настани во Македонија и се одржува со поддршката и учеството на GUAM козметика, Avene, Taiva, dm, Sundance, Kedma, МAYA Вода, Рамстор, Еликсир Ексклузив, Lancome, Collistar и Biotherm, Sebamed Биокулт, Топ Шоп и Анифарм BETTY Аптека.
Сега секој ја има можноста да најде време за себе и своето здравје благодарение на ДЕРМА ФЕСТ во Капитол мол кој ќе трае до недела, 11.06.2017.
