Демонстративен тренинг со Марина Маљковиќ

Марина Маљковиќ со репрезентацијата на Србија стана носител на титулата европски првак (2015 година), носител на бронзен медал од ОИ во Рио де Жанеиро (2016 година) и многу други медали и титули кои ги има освоено во својата богата кариера.
Веруваме дека пренесувањето и примената на само мал дел од нејзиното искуство ќе биде од огромно значење за сите инволворани не само во женската конкуренција туку во кошарката воопшто.
Овој настан беше снимен и од МОК ТВ и сите оние кои не беа во можност да го проследат тренингот, можат истиот да го погледнат подолу.