Вести

Промоција на книгата „Како го искачив К2” во МКЦ

width=635

Во 2013 година Здравко Дејановиќ имаше неуспешен обид за искачување на вториот највисок врв на светот К2, но следната, 2014 година на 27 јули како дел од мешана експедиција и заедно со Иранецот Реза Шахале и Шерпасот Мингма Гајле тој успеа да стапне на врвот висок 8,611 м.н.в кој се смета и за еден од најтешките и најопасните за искачување.

Следната 2015 година тој успеа да се искачи и на Анапурна I 8091 м.н.в и заедно со успешното искачување на Еверест 8849 м.н.в тој стана првиот Македонец со искачени три хималајски врвови повисоки од 8000 метри. 

width=635

Вечерва со почеток од 20 часот во МКЦ ќе се одржи промоција на неговата книга посветена на ова искачување. Отварањето ќе биде од страна на г-дин Живко Темелковски, ќе следи обраќање на Проф. Д-р Јовица Угриновски по што ќе следи излагање на авторот на книгата „Како го искачив К2″ проследено со кратки видеа. 

Книгата ќе може да се купи на лице место, а може да се најде и во Скаут Аутдор Шоп – Скопје по цена од 350 денари. 

← Назад кон архивата