Еколошка акција за чистење на дното на езерото Матка


Акцијата ја реализираа нуркачи кои беа помогнати со повеќе член логистички тим и два моторни чамци.
По успешно реализираниот прв чекор, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб Врело, ќе започне чистењето на дното на езерото, во кое можат да се вклучат сите заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина.
Ова е една од 10-те еко акции предвидени за ова лето, под наслов „За да не се срамиме пред нашите поколенија за загадените води и уништената природа”.
