Вести

Успешни квалификации за нашиот тим на Ред Фокс Елбрус

title=Алек,

Квалификациониот формат беше Вертикален километар со 1000 метри висинска разлика сместени во 3,7 должински километри, старт во Азау а финиш на станицата Мир на планината Елбрус. Трката стартуваше на висина од 2450, a финишот беше на 3450 м, а сите учесници пријавени за главната трка мораат да ги исполнат квалификациите. 

Од нашиот тим кој воедно е и првиот од Македонија, Марјан Бонев (Трекс/ПСД Макпетрол) заврши на 19 место со време од 54:32 (+11:32 минути зад првиот), Александар Кирковски (ПК Македон) заврши на 40 место 58:11 (+14:57), а Дејан Тодевски (ПК Македон) на 63 место 1:02:09 (+18:55). На трката учествуваа 220 натпреварувачи, а сите резултати може да ги погледнете тука. 

title=Заедно

Кирил Филиповски кој беше четвртиот член, мораше да ја откаже трката поради блага смрзнатина на носот по аклиматизацијата која ја направија на 01.05.2017. Кирил е моментално вратен во Македонија и ситуацијата со смрзнатината е под контрола. 

Во недела во 06:30 часот по локално време стартува и главната трка која оди од 2350 мнв и завршува на самиот западен врв на Елбрус – 5642 мнв. 12-те километри исполнети со 3300 метри висина се секогаш придружени со ниски температури и незгодни услови што ја прават оваа трка една од најтешките во светот.

На нашиот тим му посакуваме добри услови и успешно финиширање на трката во недела. 

← Назад кон архивата