Гужва-дружба на Авицена Женска трка 2017

Пријавувањето за Авицена Женска трка започна на 16ти февруари и за кратко време се надмина очекуваниот број на учеснички. Натпреварувачките покажаа дека во Македонија постои инспирација за целосно прифаќање на здравиот начин на живеење. Секоја од нив доби свој стартен број со чип на електронско мерење на време и трите најдобро пласираните Бојана Наумовска, Виолета Ивановиќ и Мелита Ромис, според Gun Time, добија вредни награди.