Флора-фауна

Што ви се случува по само едно вежбање?

width=635

ЈА МЕНУВАТЕ ВАШАТА ДНК НА ПОДОБРО

Една студија на шведските истражувачи покажува дека кај здрави но неактивни лица дури и само неколку минути вежбање го алтерира генетскиот материјал во мускулните клетки. Секако тоа е наследено од родителите, но животните навики играат голема улога во експресијата на гените, па вклучувањето на физичка активност ја стимулира генската експресија во правец на подобрување на силата и мускулатурата.

СЕ ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Уште нема да стигнете да се загреете, а веќе вашиот нервен систем ќе почне со лачење на неуротрансмитери како што се ендорфините и серотонинот, кои ви даваат еуфорично чувство и веднаш ќе се чувствувате подобро во врска со себе.

СЕ ПОДОБРУВА ЗАШТИТАТА ОД ДИЈАБЕТЕС 

Како што е случај со суптилните промени во ДНА, мали промени во метаболизмот на мастите се одвиваат по само еден тренинг. При еден кардио тренинг се подобрува искористувањето на масните материи и се подобрува инсулинската сензитивност. Спротивно на ова, инсулинската резистенција води кон појава на дијабетес.

ПОЛЕСНО СЕ ФОКУСИРАТЕ

Зголемената циркулација во мозокот кога ќе започнете со вежбање ве алармира, но зголмениот фокус продолува да трае и после тренингот. Според Бостон Глоуб, менталниот ефект од вежбањето можете да го постигнете и со минимум од само 10 минути активност.

СТРЕСОТ ИСЧЕЗНУВА

Асоцијацијата за Анксиозност и Депресија на Америка проценува дека околку 14% од луѓето се справуваат со стресот благодарение на вежбањето. Дури и кога самото вежбање ви создава стрес негативните ефекти се анулираат благодарение на подобрената циркулација и лачењето на ендорфините.

← Назад кон архивата