Вести

Приказната на првиот целосно ампутиран искачувач на Матерхорн

width=635

Несреќата на Мон Блан според кажувањата на Џејми се случува поради недоволно добра и прецизна временска прогноза која не успеала да го најави големото невреме во тој дел од планината. Џејми и Фишер биле спремни за еден бивак на врвот по кој би се спуштиле наредниот ден. 

Сепак, работите се компликуваат и наврската останува заробена во текот на 5 последователни дена на врвот во екстремно лоши временски услови и ниски температури. По невремето и некаде пред доаѓањето на спасувачката екипа Фишер паѓа од сртот на планината, а Џејми успева да се извлече жив но со сериозни премрзнатини на рацете и нозете кои го оставаат со скоро целосно ампутирани екстремитети. 

width=635

18 години подоцна тој успева да стане првиот целосно ампутиран качувач на Матерхорн но приказната за успехот во Швајцарија е само мал дел од исклучително инспиративната и мотивациска приказна која доаѓа по несреќата на овој млад човек. 

Многу бргу по несреќата, желбата за повторен контакт со природата во било каква форма го тера Џејми екстремно брзо да се врати на минатите патеки. За некои три ипол месеци тој ги совладува протезите за движење и веднаш започнува со покомплексни спортови како трчање, пливање, скијање и сноуборд чии везови ги монтирал директно на протезите. 

„Откако ја прифатив ситуацијата и започнав позитивно да размислувам, ми се врати целиот ентузијазам и започнав напорно да работам на совладување на нови движења и техники што поброз и подобро.” – вели Џејми. 

width=635

Планинарењето со помош на протезите бил еден од природните еволутивни процеси на Шкотланѓанецот, па само 1 ипол година по несреќата тој ја искачува највисоката планина во Британија. 

Потоа започнува да качува мраз со специјални протези со бајли, плови на Северното Море, завршува фул Ајронмен и едноставно не престанува да го истражува светот и себеси од поинаква перспектива. 

Откако го качува Килиманџаро и за само 200 метри не успева да се искачи на Мон Блан поради лошо време, тој ги врти погледите кон алпската икона Матерхорн. Обидите започнуваат во 2012 година но по неколку години и серија на неуспешни обиди најмногу поради лоши временски услови тој дури во 2016 заедно со водачите Стиви Џонс и Стиви Монкс тој успева да се искачи и да го исполни својот сон. 

„Планината е само планина. На крајот на краиштата тоа е една бесмислена работа ако во текот на искачувањето не ги надминеш и „искачиш” своитевнатрешни бариери.” – Џејми Ендру 

width=635

← Назад кон архивата