Вести

Кој е Стиви и што е со маратонскиве времиња?

width=635

Според Асоцијацијата на Статистичари за Друмска Атлетика (да видиш, да не веруваш и такво нешто има) со резултатот постигнат во Севилја, Стиви кој има 58 години стана првиот човек кој успеа да направи старосна разлика од 40 години и 119 дена помеѓу неговиот прв маратон под 3 часа и овој претходниот месец. 

Претходниот ваков рекорд беше држен од Американецот Антонио Ареола со 39 години и 365 дена – можете да ја видите целата листа тука.  

Неговиот прв маратон бил во 1976 година кога на негови 18 години тој истрчал за 2:54:42, a четири декади подоцна, неговиот резултат од 2:56:16 кажува дека Стиви воопшто нема направено голем пад во неговата форма. Инаку, тој е еден од малкуте – поточно 37 – луѓе кои имаат истрчано маратон под 3 часа (или поточно во негов случај под 2:47) во пет декади од живото. Неговото најдобро време е 2:29:42 постигнат во 1981 година. 

За сите што не се доволно запознаени со проблематиката на рушење маратон под 3 часа ќе направиме едно едноставна математика. За да го направите тоа потебно е да врзете два полумаратони еден за друг со време под 1:30 односно просекот на трчање да биде не поспоро од 4:26 на километар што е супер сериозен предизвик особено за 58 годишен човек. 

width=635

Но, со оглед на историјата на Стиви, неговата редовност и посветеност кон трчањето, ова може и многу лесно да се очекува. Подоле следат некои од најредовните рутини (воедно и дел од припремата за Севилја) на Стиви кој патем, работи како уредник на магазин и тренер. 

Помека површина за трчање – Во последните периоди тој префрлил поголем дел од тренинзите на трева. 

Теретана – Редовна рутина на Стиви се 5 километри џогирање со 30 минути вежбање во теретана со фокус на вежби за торзо и зајакнување на нозе. 

Долги тренинзи – Секоја недела трчал по 30 до 35 километри во период од три месеци пред маратонот во Севилја. 

Во април како и секоја година тој ќе трча на маратонот во Лондон, а во план му е да го продолжи ова најдобро време со уште еден маратон под три часа.

← Назад кон архивата