Исхрана

Во која храна се наоѓаат најважните витамини?

width=635

Научните истражувања во текот на годините покажаа дека некои витамини треба да се избегнуваат поради тоа што може да имаат и несакани ефекти.

Подолу ќе прочитате за сите витамини што може да се внесат преку храна…

1. Мултивитамини – следете балансирана исхрана

Со децении, се сметаше дека мултивитамините се важни за целокупното здравје. Витамин Ц за “зајакнување на имунолошкиот систем”, витамин А за заштита на очите, витамин Б за да ве зајакнување на нервниот систем.

Овие витамини може да се добијат и од таблети наместо од храната што ја јадеме, но студиите покажуваат дека земањето таблети наместо храна може да предизвика оштетување на вашиот организам.

width=635

2. Антиоксиданси – Заменете ги со боровинки.

Третманот со бета каротен, витамин А и витамин Е може да го зголемаат шансите за смрт, и консумирањето на антиоксиданси преку таблети е поврзано со ризикот на заболување од рак.

Витамините А, Ц и Е се моќни антиоксиданси кои што се наоѓат во различни овошја.

3. Витамин Ц – портокали, лимони, пиперки, јагоди…

Со предозирање над 2.000мг витамин Ц може да ги зголемите шансите за камен во бубрезите.

4. Витамин Б3 – Јадете лосос, туна, цвекло.

Со години витаминот Б3 беше промовиран како лек за менталните болести и болестите на срцето, но денешниве студии велат дека овој витамин треба да се зема  главно преку храна.

5. Витамин Е – Тој е присутен во спанаќот, ореви и бадеми.

Витаминот Е е моќен антиоксиданс, но кога зеленчукот е толку богат со витамини зошто да земате апчиња наместо богата храна?!

← Назад кон архивата