Вести

„Првите Седум” на Бојан Петров

width=635

Како еден од најсериозните кандидати за исполнување на Хималајската круна – качување на сите 14 врвови над осум илјади метри, од Бугарија, а воедно и Балканот, високогорецот Бојан Петров ја промовираше неговата книга за првата половина од круната – насловена „Првите Седум”. 

„Се разбира дека во книгата се раскажува за моите први седум осумилјадарки, но и за уште 13 други врвови повисоки од 5000 метри. Ќе ве однесам на врвови на пет континенти, различни географии и обласи на земјата” – вели Петров во излагањето на промоцијата. 

Дополнително, во книгата се опфатени неговите физички подготовки и тренинзи, како и тестирањето на истите, изборот на опремата, животот во базните кампови, аклиматизацијата, качувањето со и без килород и многу други детали од овие специфични активности во природа.

Минатата година во јули, Бојан успеа да ја исакчи Нанга Парбат со што го искачи и неговиот 8ми врв повисок од 8000 м.н.в. меѓу К2, Канџенѕонга, Манаслу, Макалу, Анапурна, Гашербрум I и Броуд пик. Во неговата последна изјава тој кажа дека за 2017 година има во план да ги врзе Еверест, Чо Оју и Гашербрум 2 – секако доколку се погодат сите коцки потребни за искачување. 

Тој изјави дека смета дека во моментов нема доволно пишани дела на оваа тематика во Бугарија, па со ова издание тој би сакал да допринесе во збогатување на литературата за високогорското искачување. 

Книгата е издадена од издавачката куќа Вакон и чини 25 лева 

← Назад кон архивата