Вести

Кампување на 2500 метри на Шар Планина

width=635

Почетокот на акцијата беше во петок на 20 јануари во попладневните часови каде од Попова Шапка групата се упати по зимската патека за Титов Врв. Искористена беше натабаната ски патека на Церипашина за подиректно качување и излегување на сртот откаде се тргна во правец на Казани и Карабунар. 

Условите за пешачење вечерта беа одлични, и кампот беше наместен некаде на половина пат од Попова Шапка накај Титов врв т.е. некаде пред врвот Карабунар на надморска висина од 2540 метри. 

width=635

Утредента во утринските часови кампот беше посетен од уште двајца планинари со кои групата се упати кон Титов Врв, каде поголемиот дел од екипата го искачи врвот, а во попладневните часови во кампот дојдоа и двајца турно скијачи кои ја преноќија втората вечер.

Неделата беше ден наменет за кратки слободни активности во утринските часови, собирање на кампот и спуштање во Попова Шапка. 

width=635

Зимскиот камп беше одлична можност за искусување на планинарското кампување на повисока надморска висина во зима, практично повторување и учење на сите потребни вештини и знаења за престој и преживување во тие специфични услови и пред се, за уживање во прекрасната природа и друштво.

Кампот беше организиран од страна на Трајче Панковски, планинарски водач од ПСД Макпетрол.

Дополнителни фотографии можете да видите ТУКА

width=635

width=635

← Назад кон архивата