Научниците открија зошто стресот предизвикува срцев удар


Тие откриле дека луѓето кои имаат поинтензивна активност во делот на мозокот (наречен амигдала) предизвикуваат стрес и се подложни на кардиоваскуларни заболувања.
Хроничниот стрес може да доведе до зголемена продукција на бели крвни зрнца, кои може да формираат наслаги на артериите и да предизвикаат болести на срцето.
“Резултатите даваат уникатен изглед како стресот може да доведе до развој на кардиоваскуларните болести” вели водечкиот автор на студијата, д-р Ахмед Тавакол, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард.
“Затоа, хроничниот стрес треба да се третира како клучен фактор за кардиоваскуларните болести, постојано да се следи и контролира.” – вели тој.