Исхрана

Спортисти и пробиотици – неразделна комбинација

width=635

Пробиотиците се добрите (здрави) бактерии кои живеат во човековите црева или во сирово ферментирана храна. Незаменливи се за одржување на имунолошкиот систем на човекот и на здравјето во целина, а редовното конзумирање на пробиотици е особено важно за луѓето кои се бават со спортови а посебно со спортови на издржливост.

Употребата на пробиотици ќе го потпомогне варењето на храната, ќе придонесе за подобра абсорбција на хранливата вредност од истата и ќе го забрза метабилозмот. Со други зборови пробиотиците ќе ги избалансираат вашите црева и на тој начин ќе го подигнат имунитетот на високо ниво.

width=635

Еве само неколку придобивки за спористите од редовното конзумирање на пробиотици:

  • Заради забрзаната абсорбција на антиоксиданси, пробиотиците индиректно го забрзуваат времето на опоравок од тренинг или натпревар. Вашето тело многу побргу и поефикасно ја преработува храната притоа вадејќи го од неа максимумот. Добивате екстра сојузник во борбата со слободните радикали кога ви е најпотребно.
  • Пробиотикот е бустер на имунолошкиот систем и природен борец против вирусите на кои спористите кои споро се опоравуваат се поподлежни. Ова особено важи за некои од спротистите кои се баваат со спортови на издржливост кои често се поподложни на настинки и вируси од луѓето кои не вежбаат воопшто.
  • Студиите покажуваат дека редовната употреба или суплементација со пробиотици го зголемува нивото на интерферони. Интерферони се протеини кои се создаваат во човековите клетки а кои се од пресудно значење во борбата со вируси, бактерии, паразити и келии на тумор.

width=514

  • Го забрзува времето потребно за дигестија на масти и протеини. Ако се земе во предвид дека спортистите имаат значително поголема потреба на овие два нутриенти и храна генерално, тогаш пробиотиците се и те како добар сојузник. Ќе ја намали подуеноста или грчевите во стомакот и ќе придонесе до намалување на алергичноста или преголемата чувствителност на лактоза.

Во суштина, да се внесат пробиотици во исхраната е многу лесно. Дали ќе се одлучите за јогурт, кисело млеко, кефир, комбуха, кисела зелка или пак туршијасеедно е. Опции има безброј а што и да одберете нема да згрешите.

width=635

← Назад кон архивата