Вести

Откриени се вистинските опасности на мрзеливоста

width=635

Двајца Австралиски научници анализирале неколку различни студии за да се откријат вистинските опасности што ги демнат пасивните луѓе.

Ако одберете да гледате некоја теле-новела на ТВ, наместо да се прошетате во парк имате зголемен ризик да бидете добиете Алцхајмерова болест за 13%.
Исто така, се зголемуваат шансите да добиете мозочен удар (37%), дијабетес тип 2 (70%) и срцев удар (82%)… за жал, процентите се многу високи.

И не заборавајте дека пасивноста го зголемува ризикот за рак на белите дробови, рак на дојка, црн дроб, желудник, мочен меур или панкреас, велат професорите
д-р Тим Олдс и Керол Махер од Универзитетот на Јужна Австралија.

Мрзеливоста не влијае само врз физичкото здравје на човекот. Претходни студии покажале дека возрасните луѓе кои не прават физички вежби имаат 90% ризик да страдаат од депресија, а дури 54% од нив може да извршат и самоубиство.

Мапа

← Назад кон архивата